Поврзете се со нас

Германија

Елмас доби најголема минутажа на „Сигнал Идуна парк“, Лајпциг го претрпе првиот пораз (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BlackYellow

Елиф Елмас ја доби убедливо најголемата минутажа од стартот на новата натпреварувачка сезона, а Македонецот беше играчот кој двапати се закани во завршницата од дербито кое го одиграа Борусија и РБ Лајпциг на „Сигнал Идуна парк“.

Натпреварот во Дортмунд мина во знакот на домашниот тим, но неискористените стопроцентни шанси ги оставија гостите во игра, па така неизвесноста беше на високо ниво до последниот судиски свиреж.

Елмас беше прв избор од клупата на тренерот Марко Розе и доби шанса во 64-та минута, а вкупно со се продолжението, Македонецот денеска одигра 33 минути на стадионот во Дортмунд.

Елиф покажа желба и беше еден од најактивните играчи на Ред Бул Лајпциг во последниот половина час, но сепак тоа не вроди со плод за неговиот тим.

Непосредно по влегувањето во игра на Елмас, Гираси го постигна голот со кој Борусија погоди за 2:1, а тој погодок се покажа како клучен за победата.

Претходно, во првиот дел, гостите стигнаа до предност со голот на Шешко, а младиот Бајер израмни на 1:1 и најави дека домаќинот ќе брка три бода во вториот дел.

Борусија заслужи да оствари и доста поубедлива победа со оглед неискористените шанси, но сепак Нури Шахин секако ќе се задоволи и со ваква победа, која е петта за него на петтиот меч на домашен терен.

Головите погледнете ги ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни