Германија
Елмас доби македонска поддршка на дебито на „Ред Бул арена“ (Фото)
Елиф Елмас ја залечи повредата која ја имаше на крајот од авантурата во Наполи и одработи неколку тренинзи со новите соиграчи од Ред Бул Лајпциг, а тренерот Розе денеска сметаше дека Македонецот е подготвен само за неколку минути.
Македонскиот фудаблски дијамант дебитираше во Бундеслигата на домашен терен, но неговиот тим доживеа непријатен пораз од Ајнтрахт Франкфурт во воведното коло од вториот дел од сезоната.
Елмас влезе во самата зваршница и одигра неколку минути, но не треба да се заборави дека нашиот репрезентативец доби огромна поддршка од македонските иселеници во Германија.
При самиот пренос на мечот, можеа да се забележат македонски знамиња на трибините на „Ред Бул арена“, а здружението „Македонци во Германија“ ги покажа и пораките кои ги добил Елиф од трибините.
По потпишаниот договор со Лајпциг, Елмас побара трпение од новинарите и нагласи дека ќе му биде потребно време за адаптација во новата средина, па за очекување е да ја темпира формата во месеците кои претстојат.
-
Англијапред 21 час
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 16 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 20 часа
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 21 час
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 19 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 12 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 20 часа
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 17 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал