Елмас со деби од соништата: Македонскиот репрезентативец со перфектни 100% успешност во додавањата (Фото+Видео)

elmas-profil

Младиот македонски фудбалер Елиф Елмас вчера во одлично светло се претстави на големата сцена откако доби шанса за настап во последните нешто повеќе од 20 минути на екстра возбудливиот натпревар помеѓу Фиорентина и Наполи.

Елмас влезе во игра во моменти кога резултатот се уште беше активен, а нашиот фудбалер перфектно одговори на барањата на Анчелоти и придонесе неговиот тим да ја однесе победата од „Артемио Франки“.

Иако беше само 20 минути на теренот, Елмас се издвои како прв во два статистички параметри по крајот на натпреварот.

19 годишниот фудбалер буквално беше непогрешлив при додавањата и имаше 100% успешност во пасовите со што беше единствениот играч со ваков скор по крајот на натпреварот. Елмас одлично комбинираше со неговите нови соиграчи на средината на теренот, а навивачите можеа да видат сигурност во неговите нозе и голема смиреност, и покрај тоа што ова беше официјално деби, на кое од младите фудбалери како него се очекува голема нервоза.

elmas pas

Освен тоа, Елмас се издвои и како најдобар кога се работи за измерената просечна брзина при трчањето на теренот. Имено фудбалерот на Наполи достигна брзина од 7.6 км/ч со што беше далеку пред неговите соиграчи, Инсиње (7 км/ч) и Фабиан Руиз (6.9 км/ч).

elmasttrcanje

Се на се, на натпреварот против Фиорентина во кој беше непогрешлив, Елмас покажа и докажа дека ќе биде голем засилување за тимот на Наполи.

Facebook Коментари