Поврзете се со нас

Репрезентација

Елмас блескаше во Струмица, Македонија се покажа во одлично светло и оствари победа (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/footballfederationofmacedonia

Македонската фудбалска репрезентација им се врати на победите, па на тој начин позитивно одговори на последниот пораз кој го забележа во квалификациите, натпревар на кој остави добар впечаток и покрај резултатот.

Репрезентативците тврдеа дека поразот од Украина е архивиран и дека максимално ќе се насочат кон предизвикот наречен Ерменија, кој ова попладне беше успешно положен во Струмица.

И покрај лошото време и тешките услови за игра, нашите фудбалери покажаа дека се неколку класи подобри од ривалите, а особено расположен беше Елиф Елмас кој учествуваше во трите гола.

Ѕвездата на Наполи не постигна ниту еден гол во победата од 3:1, но најпрво му асистираше на Трајковски, потоа го погоди дирекот пред Ристовски да погоди за 2:0, а асистираше и во ситуацијата кога Даци погоди за 3:0.

Во самиот финиш, избраниците на Благоја Милевски примија гол по еден прекин, па Ерменците постигнаа почесен погодок во 94-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни