Поврзете се со нас

Италија

Елмас блескаше, Инсиње се израмни со Марадона, Наполи го презема второто место (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Наполи не дозволија никакво изненадување и славеа над аутсајдерот Салернитана со 4-1 во рамките на 23. коло во Серија А.

Нашиот Елиф Елмас беше лидер на наполитанците во првото полувреме во кое прво беше асистент при голот на Жезис за да потоа направи дар-мар низ гостинската одбрана и се избори за пенал кој во судиското продолжение го искористи Мертенс за ново водство на домаќините (2-1), односно „бришење“ на погодокот на Бонацоли во 33 минута.

На старот на вториот дел Наполи дојде и до позитива од 3-1 преку Рахмани, резултат кој набрзо беше променет затоа што четатата на Спалети доби нов пенал кој го искористи Инсиње во 53 минута.

Со ова Лоренцо се израмни на вечната листа со легендарниот Диего Армандо Марадона со по 115 голови во дресот на клубот од Неапол.

Елмас и компанија сега имаат 49 бода со што дојдоа до второто место пред Милан кој вечерва го пречекува Јувентус.

На останатите средби Торино и Сасуоло ги поделија бодовите (1-1), Специја пак беше подобра од Сампдорија (1-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни