Поврзете се со нас

Лига Европа

Елмас, Адеми и Ристовски добија премиерлигашки предизвици во Лигата на Европа (Фото)

Објавено

на

По вчерашното извлекување во Лигата на шампионите, ова попладне беше извршена и ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа, пред која Жерард Морено од Вилјареал беше избран за најдобар играч за минатата сезона, победувајќи во конкуренција на Бруно Фернандеш и Единсон Кавани.

Вилјареал како бранител на титулата ќе игра во Лигата на шампионите, Јунајтед како вицешампион исто така е дел од најелитното натпреварување, но сепак и покрај тоа, Лигата на Европа понуди нависитна интересни пресметки уште во групната фаза.

Посебно изедначена треба да биде групата Б во која се најдоа Монако, ПСВ, Реал Сосиедад и Штурм, но и групата Е во која Лацио како носител се падна со Олимпик Марсеј, Галатасарај и Локомотива Москва.

Интересно, македонските претставници добија премиерлигашки предизвици уште на стартот, бидејќи Елиф Елмас и неговиот Наполи се најдоа во група со Лестер, а Динамо Загреб на Адеми и Ристовски во група со Вест Хем.

Наполи е дел од групата Ц во која уште се Спартак Москва и Легија, додека Динамо како носител, покрај тоа што ќе има две пресметки со Лестер, ќе ги одмери силите и со Генк и Рапид Виена.

Денешната ждрепка на групната фаза во Лига Европа најави фантастични натпревари во второто најсилно натпреварување во Европа, а интересни противници им се паднаа и на нашите интернационалци Елиф Емлас, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Наполи се најде во групата „Ц“ каде за противници ќе ги има Лестер, Спартак Москва и Легија Варшава, додека загрепски Динамо ќе се сретне со Генк, Вест Хем и Рапид Виена. Црвена Звезда се најде во групата Ф, во која Брага е фаворит, а во која уште се и Лудогорец и Митјиланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни