Поврзете се со нас

Италија

Елкан импресиониран од „росонерите“: Сакам Јувентус да игра како Милан

Објавено

на

foto:twitter.com/SoyCalcio_

Милан на импресивен начин го доби дербито против Наполи и тоа со 4-0 на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Наполитанците во актуелнава сезона се едно, две нивоа над сите екипи во Серија А, но на вчерашниот меч не покажаа ништо од таа доминација или поточно „црвено-црните“ им одржаа вистинска лекција на нивен терен што е одлична најава за четвртфиналната битка на овие клубови во ЛШ.

Доста луѓе беа изненадени и импресионирани од изданието на четата на Стефано Пиоли, а еден од нив беше Лапо Елкан.

Лапо е брат Џон кој е сопственикот на Јуве и воедно братучед на поранешниот претседател на „бјанконерите“, Андреа Ањели.

-Видов како Милан доминираше против Наполи, беа мајстори на теренот и на топката. Би сакал да го видам мојот Јувентус како игра така, напиша Елкан на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни