Елитен судија „елиминиран“ од мечевите на сестрите Вилијамс на Ју-Ес Опен

serena-vika

Еден од најпознатите тениски судии, Карлос Рамос нема да биде делегиран на мечевите на сестрите Вилијамс за време на претстојниот Ју-Ес Опен, потврдија денеска организаторите.

Рамос влезе во вербална пресметка со Серена Вилијамс за време на ланското финале, а откако и додели казна на американската тенисерка, таа го нарече „лажго“ и „крадец“. Тој инцидент предизвика голем публицитет и ги подели фановите, а одговорните за судиите на Ју-Ес Опен не сакаат да има влијание и на годинешните мечеви.

Одговорните велат дека на турнирот има доволно квалитетни судии и одлуката нема да има никакво влијание, а притоа ќе донесе помирен тек и за тенисерите и за судиите. Покрај на Серена, Рамос нема да и суди ниту на нејзината сестра Винус Вилијамс, но од Ју-Ес Опен велат дека одлуката е донесена заеднички, а не поради предупредувањето кое Серена му го испрати на Рамос за време на контроверзниот дуел со Осака, а кога му порача „Нема да се најдеш на ист терен со мене до крајот на животот“.

Сличен случај беше и тој на Карлос Бернандес и Рафаел Надал, откако бразилскиот судија со години не беше делегиран на меч на Надал поради нивната расправија за време на турнирот во Рио во 2015 година.

 

Facebook Коментари