Франција
Елитен циркус: Зијеш „заглави“ во Париз, Челси и ПСЖ се погрижија за најголемата трансфер глупост

Завршницата од зимскиот преоден рок донесе комплетирање на најголем дел од операциите кои беа најавени уште на самиот старт на денот, но сепак една важна зделка не помина како што треба и ПСЖ ќе ја бара правдата кај одговорните луѓе во Лига 1.
Имено, Челси и ПСЖ режираа елитен циркус и ја направија најголемата трансфер глупост на крајот од месец јануари, а најпогоден и во најнезавидна ситуација се најде Хаким Зијеш.
Мароканецот отпатува за Париз откако двата клуба ги договорија сите детали за позајмица, но крилниот фудбалер на крајот не потпишал договор и во моментов е заглавен во француската престолнина.
Причината за тоа е навистина бизарна, бидејќи Челси дури во три наврати испратил погрешна документација за Зијеш, па така трансферот не е регистриран и не важи за комлетиран во Франција.
Овој циркус доста многу потсетува на глупоста која ја направија Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид со Давид Де Хеа пред неколку години, а последните информации од Франција велат дека ПСЖ ќе испрати жалба до Лига 1 и ќе бара да се остави простор и дополнително време за комплетирање на документацијата.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 22 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 20 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 19 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……