Поврзете се со нас

Англија

Елиот му се обрати на Струијк откако ФА ја одби жалбата на Лидс (Фото)

Објавено

на

Лидс Јунајтед испрати жалба за добиениот црвен картон на Паскал Струијк, фудбалерот кој со несреќниот старт на „Еланд Роуд“ му нанесе тешка повреда на Харви Елиот.

Дисциплинците на Фудбалската Асоцијација на Англија ја одбија жалбата на Лидс и ова утро потврдија дека дефанзивецот ќе мора да ја одработи суспензијата од три меча за добиеното исклучување од главниот судија, одлука која не му се допадна ниту на самиот Елиот.

Иако беше жртва во непријатниот инцидент, Елиот уште од почетокот тврди дека противникот немал никаква намера и нагласи дека неговиот старт не бил за црвен картон, па денеска одново се огласи преку социјалните мрежи и одговори на веста која ја пренесе „Скај Спортс“.

Осумнаесетгодишниот тинејџер веќе ја стартуваше својата рехабилитација откако му беше направена успешна операција на ногата, па слободното време кое го има, го искористи за да му испрати порака на Струијк кој доживеа и жестоки критики од јавноста и фановите на Ливерпул.

– Жалам за ова Паскал. Јас сметам дека ова е погрешно! Сепак, набрзо ќе заврши брате и повторно ќе газиш на терените. Биди позитивен, – порача младиот Елиот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни