Поврзете се со нас

АТП

Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Почетните кола на големите грен слем турнири знаат да донесат изненадување, па така е и годинава на Австралија Опен каде уште во воведната рунда падна играчот кој пред две години играше финале во Мелбурн, а долго време е меѓу најдобрите играчи на светот-тоа е Стефанос Циципас.

Гркот не ја оправда фаворитската улога во соочувањето со Алекс Микелсен од Соединетите Американски Држави. Американецот се избори за победа по четири часа и нешто помалку од три часа игра со 7:5, 6:3, 2:6, 6:4.

Ова дефинитивно е нов удар за Стефанос кој има проблеми со формата, континитетот во играта, па ова е лоша најава за годината.

За разлика од него првиот носител Јаник Синер го доби Николас Џари со 3-0 во сетови. Италијанецот имаше проблеми со Чилеанецот, првите два сета ги решаваше во тај-брејк 7:6 (2), 7:6 (5), но потоа со 6-1 ја завери победата.

Нареден ривал ќе му биде домашниот рекет Тристан Скулгејт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни