Поврзете се со нас

Италија

Елиминацијата од Лион ја прели чашата, пет фудбалери го напуштаат Јувентус

Објавено

на

blank

Елиминацијата на Јувентус од тимот на Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите е главна тема во фудбалска Италија во текот на денешниот ден.

Низ медиумите кружат само критики, како за тренерот на клубот, Маурисио Сари, така и за играчите кои го носат овој дрес.

Денеска по најавите на Фабрицио Романо дека Сари добил отказ се појави и шпекулација дека клубот ќе го напуштат најмалку пет играчи по вчерашното засрамувачко испаѓање од релативно полесен тим како Лион.

„Калчомеркато“ пренесува дека се размислува на продавање на Даниеле Ругани, Федерико Бернардески, Гонзало Игуаин, Сами Кедира и Матија Де Шиљо.

Јувентус уште од претходно во сезоната се ослободи од Миралем Пјаниќ, кој пак вчера јавно го „пецна“ стратегот на клубот, Маурисио Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни