Поврзете се со нас

Германија

Елези доби нов тренер во Бохум

Објавено

на

foto:x.com/vflbochum1848

Македонскиот интернационалец, Агон Елези доби нов тренер во бундеслигашот Бохум кој има катастрофален старт на натпреварувачката 2024/2025.

Клубот е на последното место во шампионатот со само еден освоен бод, на последните две средби доживеа тешки порази од Баерн Минхен (5-0) и Ајнтрахт Франкфурт (7-2), па искусниот Дитер Хекинг ќе има тешка задача да ја разбуди екипата и да ја оствари единствената цел, опстанок во елитната германска конкуренција.

Хекинг е добро познат лик на германската сцена, има водено доста клубови, последниот беше Нирнберг во 2023 година. Има одработено 418 натпревари како тренер во Бундеслигата низ пет тима, а најголемите успеси ги имаше со Волфзбург со кого го освои Купот и Супер Купот во 2015 година.

Дебито ќе му биде против актуелниот шампион Баер Леверкузен на 9 ноември.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни