„Електромобилност со ЕВН“: Над 40 станици за полнење на јавни локации

mitsubishi miev kamnik 2018

Компанијата за дистрибуција на електрична енергија денеска најави дека ќе започне со имплементација на проект со кој ќе ја стимулира мобилноста со електрични автомобили во Македонија. Освен во централните градски подрачја, вакви станици ќе бидат понудени на сите хотели, ресторани и угостителски објекти, со што се верува дека може да се стимулира и туризмот.

Електричните возила се еколошки, поекономични и поефикасни од обичните моторни возила, и преку овој проект на ЕВН, тие ќе бидат и подостапни за македонските граѓани бидејќи електричната енергија ќе биде бесплатна во првата година, а за натаму се уште не се знае, но се очекува да биде по иста цена како за домаќинствата. Заинтересираните сопственици на електрични возила ќе мораат најпрво да се пријават за електронска картичка за користење на полначите, и тоа на www.elektrodistribucija.mk, [email protected] или во Инфо центарот на ЕВН.

stefan peter vo kamnik 2018

– Овие возила се уште се поскапи, но таа е цената што мораме да ја платиме ако сакаме да имаме чист воздух,- рече Штефан Петер. – Не случајно оваа промоција ја организиравме крај винаријата „Камник“, иако можеби виното и електричната енергија немаат многу заеднички нешта. И двете работи се во насока на добриот живот за луѓето, со тоа што виното делува одвнатре, а електричната енергија од надвор го помага квалитетот на животот.

Поради ограничувањата на моменталната технологија на електрични возила, без станици за полнење на секои минимум 100 километри, долгите патувања со овие возила се практично невозможни. Токму затоа ЕВН во соработка со општините во моментов гради сериозна инфраструктура на полначи низ целата држава.

pumpa evn kamnik 2018

Како лидер на пазарот, ЕВН се стреми да ги направи глобалните трендови достапни и за граѓаните во Македонија. Токму затоа започнавме и со реализација на проектот „Електромобилност со ЕВН“, со што се надеваме дека ќе поттикнеме поголемо користење на електричните возила и со тоа во голема мерка ќе придонесеме кон почиста и поздрава животна средина, ќе обезбедиме можности за поголемо искористување на новите технологии, а воедно ќе помогнеме Македонија да стане уште поатрактивна туристичка дестинација“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

ЕВН во иднина ќе продолжи со понатамошно ширење на мрежата на електрични полначи со една јасна цел – зголемување на бројот на електрични возила на македонските улици. Така ќе се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот, помала бучава во урбаните средини и долгорочна одржливост на животната околина.

evn pumpa 2018

 

stefan peter elektromobilnost 2018

Facebook Коментари