Елбер: Роналдо не е глупав, секој клуб…

ronaldo-levandovski

Некогашниот репрезентативец на Бразил кој своите најдобри партии ги имаше во Германија во Штутгарт и Баерн Минхен, Џовани Елбер ја искоментира можноста „баварците“ да останат без својот најдобар голгетер Роберт Левандовски.

Полјакот со хет-трикот против Хамбургер стана најдбриот стрелец странец во историјата на Баерн, односно го мина Елбер (142-140), но тоа не му пречи на Бразилецот.

-Не воопшто. Среќен сум секој пат кога ќе постигне гол. И уште еднаш, како секоја сезона тој покажува дека може да го направи тоа во скоро секој натпревар. Тој е најдобриот напаѓач на светот. Тој има неверојатни вештини кои ги покажува на секој натпревар. Може да се каже дека е лесно да се постигне гол за тим како Баерн, бидејќи другите тимови не се толку силни. Но, мора да бидеш таму и тоа да го направиш. Тој тоа го прави и во ЛШ. Во моментов е најдобриот напаѓач на светот, -рече Бразилецот притоа коментирајќи ги шпекулациите за трансфер во Реал и ставот на Кристијано Роналдо за таквата можност.

-Кристијано Роналдо не е глупав. Секој клуб би сакал играч како Роберт во својата екипа. Ако видат можност да го привлечат Левандовски од Баерн, тие ќе сторат сé што е во нивна моќ тоа да го направат. Но, Баерн знае за ситуацијата и Левандовски е среќен и добро сместен со своето семејство во Минхен. Тој знае дека има сè што му треба во Баерн. Се надевам ќе остане со нас долго време, -истакна Џовани за „АЗ“.

Facebook Коментари