Поврзете се со нас

Германија

Елбер: Левандовски е подобар напаѓач од мене, тој е спектакуларен човек

Објавено

на

Џоване Елбер е еден од напаѓачите кој остави трага во германската Бундеслига играјќи за Штутгарт, Баерн Минхен и Борусија Менхенгладбах со тоа што дефинитивно најзапаметен ќе биде по настапите во дресот на „баварците“.

Тој таму освои многу титули, редовно беше во изборите за најдобар тим на сезоната, а воедно во кампањата 2002-2003 беше прв стрелец во германската елитна конкуренција. Меѓутоа сега еден друг фудбалер „гази“ кога се во прашање головите-тоа е Роберт Левандовски кој исклучително го цени Елбер.

-[Левандовски] ми рече дека неговиот татко е редовен гледач на Бундеслигата и еднаш му рекол: Оовј играч треба да ти биде пример-Елбер.

-Јас пак му кажав: Ние не сме рамноправни, ти си подобар од мене. Импресивен е фокусот што го има неговата смиреност и личноста што е. Тој е спектакуларен човек, -вели Елбер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни