Англија
Еланга постигна атрактивен гол, Јунајтед падна на „Сити Граунд“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Нотингем Форест остварија победа над Манчестер Јунајтед од 1-0 во последниот натпревар од денешната програма од 30. коло во Премиер лигата.
„Шумарите“ имаат претрпено само два порази на домашен терен во оваа сезона, последниот дури во ноември, а таа нивна серија продолжи и по вечерашниот меч на кој Јунајтед ја имаше топката во своите нозе, упати далеку повеќе удари, меѓутоа крајниот резултат е оној кој вели дека домаќините дојдоа до целиот плен на „Сити Граунд“.
Клучниот момент се случи во 5 минута кога Еланга кој во минатото беше дел од „црвените ѓаволи“ го претрча скоро целиот терен и потоа го матираше Онана.
Нотингем со 57 бода е на третото место, Јунајтед со 37 поени е на 13. позиција.
ОВДЕ погледнете го голот за победа на Форест.
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан24 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Шпанија4 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)