Поврзете се со нас

Англија

Еланга еуфоричен по победата над Јунајтед: Овој меч го сфатив лично!

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFFC

Нотингем Форест забележа втора победа во низа со новиот менаџер Нуно Еспирито Санто, но вчеравечер атмосферата на „Сити Граунд“ беше навистина посебна поради триумфот кој се чекаше речиси три децении.

После точно 29 години, Нотингем успеа да оствари победа над Манчестер Јунајтед и славеше во еден отворен меч со резултат 2:1, а дуелот беше одбележан и од поранешниот член на „црвените ѓаволи“.

Антони Еланга не доби вистинска шанса на „Олд Трафорд“ и изминатово лето беше продаден за 15 милиони фунти, па по триумфот на Нотингем самиот призна дека овој натпревар го сфатил лично.

– Минатата сезона не беше воопшто лесна за мене во Јунајтед. Играв по 5 до 10 минути, а потоа не играв 10 натпревари. Тешко се фаќа ритам кога сте надвор од тимот толку долго.

– Затоа, овој натпревар го сфатив лично, сакав да докажам дека можам да играм на многу повисоко ниво. Му благодарам на Купер кој ме донесе во Нотингем. Тој сега не е тука, а неговата работа ја продолжува Нуно, – изјави Еланга кој вчера учествуваше во двата гола на Нотингем, со тоа што за вториот беше директен асистент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни