Поврзете се со нас

Италија

Ел Шарави: Играчите не се виновни за отказот на Де Роси

Објавено

на

foto:twitter.com/ASRomaEN

Рома го совлада Удинезе со 3-0 во првиот меч без Даниеле Де Роси кој заработи отказ во текот на оваа седмица, па неговото место го зазема Иван Јуриќ.

Отказот за Де Роси донесе многу реакции, коментари и понатаму е топ тема кога е во прашање „волчицата“, па свој став на темата даде Стефан Ел Шарави.

-Ги освоивме трите бода и тоа е најважно. Резултатите досега не беа добри и уште еднаш тренерот го плати цехот за тоа. Го разбираме разочарувањето на навивачите, знаеме што значи Даниеле за сите, но ние играчите имаме одговорност само за резултатите, а не за се друго. Беше важно да победиме, мора да градиме од тука, -рече офанзивецот и додаде:

-Ќе го сменевме ставот без разлика, знаевме дека е клучно да ги освоиме трите бода. Тренерот побара од нас да бидеме агресивни и ние денеска успеавме. Поените се тие што се важни, -подвлече Ел Шарави.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни