Поврзете се со нас

Италија

Ел Шарави го постигна најсреќниот гол во кариерата, Интер со голем пресврт до значајни три бода (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Големото дерби на „Олимпико“ меѓу Рома и Интер се одигра во услови на дожд, но тоа не им пречеше на актерите на теренот да понудат извонредна фудбалска претстава во која видовме дури шест гола.

Дербито во Рим донесе два пресврт и видовме нависина допадлив и офанзивен пристап од двете страни, но мора да се напомене дека на крајот победи подобриот тим.

Лидерот во Серија А поведе со раниот гол на Ачерби по еден корнер, меѓутоа тимот на Де Роси не се откажа и одговори на најдобар можен начин во преостантиот дел од првиот дел.

Манчини израмни на 1:1 по извонредниот центаршут на капитенот Пелегрини, а играчот за врска имаше улога на додавач и во втората ситуација кога Рома постигна гол.

Ел Шарави погоди за 2:1 во 44-та минута, но во дадената ситуација имаше неверојатна среќа, бидејќи топката му се удри од десна во лева нога, пред да заврши во мрежата на Зомер.

Овој гол му донесе тежок испит на Интер во вториот дел, период во кој главниот фаворит за титулата покажа зошто е прв на табелата, постигнувајќи два брзи гола за пресврт.

Тирам израмни на 2:2, а веќе во 56-та минута беше 2:3 по автоголот на Анхелињо, додека конечните 2:4 ги постави Бастони во судиското продолжение.

Видеото од головите погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни