Поврзете се со нас

Свет

„Ел Пистолеро“ не се откажува: Суарез сака да ја продолжи соработката со Интер Мајами

Објавено

на

foto:x.com/InterMiamiCF

Ветеранот Луис Суарез за неколку месеци ќе го прослави 38. роденден, ама тој не размислува да замине во пензија и покрај проблемите што ги има со колената.

Суарез го замени Гремио со Интер Мајами каде заедно игра со добрите пријатели од Барселона Лионел Меси, Жорди Алба и Серхио Бускетс. Тој перфектно се снајде во клубот од Флорида и на 29 натпревари даде 20 гола и забележа 8 асистенции, изданија кои му дадоа самодоверба да посака да продолжи да игра во оваа средина и по завршувањето на актуелниот договор на крајот на оваа календарскка година.

-Знам дека мојот адвокат разговара со клубот.Сакав да завршам на најдобар можен начин, покажувајќи му на клубот дека имам ентузијазам. Се чувствувам добро физички и имам желба да продолжам да бидам дел од историјата на овој клуб“, -порача популарниот Ел Пистолеро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни