Поврзете се со нас

Шпанија

„Ел Класико“ срам: Шпанците се посрамотија пред цела светска јавност со „фантомски гол“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Шпанските фудбалски фанови веќе имаа неколку ситуации во кои беа сведоци на „фантомски голови“ кои во најголем дел од случаите не беа признати, но Ла Лига оваа вечер се посрамоти пред целиот светски аудиториум.

„Ел Класико“ дербито меѓу Реал Мадрид и Барселона го гледа цел свет, а Хавиер Тебас многу брзо ќе мора да дава одговори зошто се уште нема имплементирано гол технологија во шпанската елита.

Ламин Јамал се чинеше дека постигна гол за водство од 1:2 во 29-та минута, но откако не изреагираа Сото Градо и неговиот помошник, се чекаше одговор од замрзнатите слики на ВАР.

Ниту една снимка не докажа дали топката со сигурност е на гол линијата или зад неа, но конечната одлука беше дека топката сепак не минала низ линијата со цел обем.

Ако имаше гол технологија, главниот судија веднаш ќе добиеше сигнал за тоа дали е гол или не, но додека во Англија, Италија, Германија и Италија веќе нема полемики на оваа тема, Шпанците денеска се избламираа на најважниот натпревар.

За иронијата да биде поголема, системот за гол технологија чини 4 милиони евра, а Тебас пред стартот на актуелната сезона изјави дека не го имплементирал поради тоа што е прескап за него.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни