Поврзете се со нас

Шпанија

„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

„Ел Класико“ дербито кое се одигра на „Камп Ноу“ според многумина го одреди новиот шампион на Шпанија, бидејќи Барселона отиде на огромни „12 плус“ пред завршниот дел од сезоната.

Големата дерби пресметка се одигра во колото по кое следи интернационална пауза поради репрезентации, а тоа значи дека Чави и играчите на Барса ќе имаат многу добри денови пред да се вратат на обврските и предизвиците кои ќе ги имаат во месец април.

Барселона успеа да слави со пресврт и го доби третото дерби во низа, од кое специјалната програма „Ден подоцна“ издвои и неколку интересни моменти кои не се забележаа во ТВ преносот.

Камерата на позната емисија откри дека Винисиус Жуниор и Араухо имаат крајно џентлменски однос и покрај сите дуели на теренот, па Бразилецот дури и го тешел ривалот по постигнувањето на среќниот погодок.

– Колку лоша среќа…., – му порачува Винисиус на Араухо, кој во тие моменти не може да поверува што му се случи.

На видеото е доловена и пикантеријата од клучниот момент на мечот, односно поништениот гол на Марко Асенсио кој во еден момент направи на семафорот да стои 1:2.

Сите играчи на Реал не го криеја незадоволството на клупата, а Лука Модриќ изустил два збора по поништениот гол:

– Каков срам…………

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни