Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ел Чирингито: Лапорта имал жестока расправа со Куман по поразот на Барселона

Објавено

на

Роналд Куман деновиве беше актуелен со својата остра изјава во која го обвини претседателот Жоан Лапорта дека зборувал многу во медиумите, па го намалил и неговиот авторитет како тренер.

Но, откако вчера Барселона загуби убедливо од Баерн Минхен и имаше мизерна статистика, Лапорта го возвратил ударот, овој пат во поинтимна атмосфера.

Новинарите на емисијата „Ел Чирингито“ тврдат дека Лапорта имал жестока расправа со Куман, од кого барал одговори за фактот што Барселона не упати удар кон противничкиот гол, а и третпат по ред загуби натпревар на домашен терен.

Лапорта не беше голем фан на Куман уште по преземањето на претседателската функција, а по подолг период сепак реши да му даде шанса на холандскиот стручњак.

Куман самоуверено тврдеше дека благодарение на него Барселона има индина и потенцијал, но ако набргу неговиот тим не го докаже тоа на теренот, ситуацијата ќе стане опасна за холандскиот тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни