Екстремно, а преубаво: Ифленд и Дуке „се загреваа“ пред Мостар со скокови од водопади

ifland duque

Актуелната шампионка кај дамите му се придружи на легендарниот нуркач од Колумбија во скокови од водопадот, во пресрет на претпоследната станица од светското натпреварување Red Bull Cliff Diving во историскиот град Мостар.

Додека за актуелната шампионка во светското првенство и моментален лидер на табелата, Ријана Ифленд од Австралија, ова беше прв скок од водопад, природната убавина на Босна и Херцеговина го освои срцето на спортската легенда Орландо Дуке (Колумбија) уште пред 15 години, кога за прв пат ја истражувал оваа земја. На далечниот и спектакуларен водопад кој е прогласен за „Национален парк Уна во 2008 година, го најави деловниот крај на сезоната 2017, со само две станици пред крунисувањето на шампионите, на крајот на октомври, на нова локација во Чиле. Кај Стари моство Мостар, Ифленд може да ја освои титулата, додека во машкото првенство е се уште неизвесно, бидејќи ова е една од најконкурентните досегашни сезони во ова натпреварување.

Прекрасно е да се запознае земјата пред настанот, вели 26-годишната Австралијанка. – Така се намалува притисокот и се навикнувам на студената вода.

Сместен на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска, водопадот Штрбачки бук е највисокиот и највпечатлив водопад во „Националниот парк Уна“. Заедно со водопадите Мартин брод, ова место неодамна е додадено на листата на места кои се номинирани за заштитени локалитети на светското природно наследство на УНЕСКО.

Рекордерката во скок од 21 метар во женското првенство е свесна дека покрај студената вода на реката Неретва, има многу повеќе работи за очекување од натпреварот во Мостар, каде што првите скокови од мостот датираат пред повеќе од 400 години.

Овој град на некој начин живее за скоковите и за овој мост. Ми беше чест да бидам присутен на церемонијата за неговото повторно отворање во 2004 година, откако беше уништен за време на војата. Имам голема почит кон тоа што го прават луѓето овде. Тие нуркаат секој ден и ја одржуваат традицијата, вели Колумбиецот Дуке, кој е локален херој за луѓето во Мостар, и искрен обожавател на местото. – Штом ќе влезете, тие знаат кој сте, не знаат по име, знаат што правиме. Навистина се возбудени и секогаш не пречекуваат со раширени раце. Чувствуваме како да сме дошле дома.

Иако е на 43-годишна возраст, легендарниот Колумбиец и неговите ривали ќе ги презентираат најновите постигнувања во денешните скокови од карпи од 27-метарската платформа, во спектаклот кој се очекува да привлече илјадници локални обожаватели. Досега имаше четири различни победници кај мажите на исто толку настани – значи сите опции се уште се во игра, а бодовите за шампионска титула може да ги освои секој од спортистите: Блејк Олдриџ и Гери Хант, кои го сочинуваат британското водечо дуо, како и Мексиканецот Џонатан Паредес и американските нуркачи, Дејвид Колтури и Енди Џонс.

Во женското првенство, актуелната шампионка има голема предност на табелата во моментов, со 170 поени пред најблиската ривалка Адријана Хименез од Мексико и може да ја обезбеди втората титула уште овој викенд, пред толпата фанатични заљубеници во овој спорт.

Гледајте во живо!

Следете ги скоковите од карпи на Red Bull во живо на 16 септември од 14:30 часот по централноевропско време на www.redbullcliffdiving.com, Red Bull TV и Facebook. Red Bull TV е достапен на поврзаните ТВ уреди, играчките конзоли, мобилните уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Facebook Коментари