Екстремниот спуст на лизгалки се враќа во Финска со Далаго како лидер!

Photographer credit: Victor Engstrom / Red Bull Content PoolPhotographer credit: Victor Engstrom / Red Bull Content Pool

Иако станува збор за светско првенство што се одржува на смрзната патека, атмосферата се загрева во заледената Финска, каде што на програмата е втората трка од сезоната во Ice Cross Downhill, односно екстремниот спуст на лизгалки којшто тука се вози на 630 метри долгата природна патека во студентскиот град Јиваскила Лајис. Mинативе две сезони на оваа трка видовме изобилство од изненадувања. Австриецот Марко Далаго стартуваше со победа на отворањето на сезоната во Сент Пол, Минесота, на 20-ти јануари и ќе се обиде да го зголеми водството во генералниот пласман (1000.290 поени), но Американците Мајкл „Иги“ Јулијанело и бранителот на титулата Камерон Неш ќе се обидат да му ги поматат сметките. Шампионот од 2015 година, Канаѓанецот Скот Кроксал исто така има мало заостанување на табелата меѓу најбрзите учесници во овој екстремен спорт, кадешто четворица лизгачи се натпреваруваат на патеката исполнета со пречки притоа достигнувајќи брзини од 80 км/ч и кадешто првите двајца се квалификуваат за следната рунда, а другите се елиминирани.

Далаго стана првиот Европјанин кој што победи во трка на Red Bull Crashed Ice по неколкугодишна пауза и тоа во заплет кадешто имаше пад на почетокот и од последното стигна до првото место. Тој е самоуверен и со нетрпение ја очекува трката на најдолгата патека, којашто можеби е и најтешката во целата сезона.

– Јиваскила е патека што лично многу ми одговара. Го сакам природниот мраз, како и стилот на самата патека. Природниот мраз е многу понепредвидлив и груб. Се чувствувам покомфорен во тешките ситуации отколку многумина други, – рече Далаго.

Кроксал славеше на последните две трки возени во Јиваскила во возбудливи трки полни со падови на нерамната патека од мраз, која што е мошне напорна поради своите исцрпувачки пречки, меѓу кои се: скалилата, шиканите, искачувањата на нагорнини, брановите, како и летечкиот скок со голема брзина што ќе треба да го направат на една од највратоломните точки на патеката обележана како „rock drop“. Доминацијата на Кроксал всушност започна во 2015 година, кога трката во Финска беше одржана во Хелсинки, а тој славеше таму и подоцна ја освои светската титула.

Финскиот лизгач Пааво Клинтруп се натпреварува во својата тринаесетта сезона во Red Bull Crashed Ice, а на претходната трка во Сент Пол заврши веднаш зад четворицата финалисти. Тој заедно со групата други талентирани фински екстремни лизгачи ќе биде силен на својот домашен терен бидејќи тоа е патека што добро ја познава и кадешто често настапуваат.

Меѓу овие две трки се возеше и третата трка од паралелната серија во „Купот на предизвикувачите“ при што во рускиот град Санкт Петерсбург победи Швајцарецот Патрик Мерц и со тоа се искачи на осмото место во генералниот пласман. На подиумот со него се најдоа Русинот Димитриј Мурличкин и Американецот Џек Шрем.

Во женското првенство Американката Аманда Транзо ќе се обиде по стартната победа на домашниот терен во Сент Пол да ја продолжи серијата и во Јиваскила, каде што лани ја освои првата победа во кариерата. Двократната шампионка Жаклин Лежер од Канада би требало да биде нејзина силна конкурентка заедно со Вероника Виндиш од Австрија којашто во моментот го има третото место во генералниот пласман.

Во светското првенство за младинци освојувачот на титулата Мирко Лахти од Финска ќе се обиде да продолжи со својата победничка серија којашто досега брои пет триумфи во низа, а најголем конкурент се очекува да му биде Ричи „Јо Јо“ Веласкез, којшто имаше одлично деби на трката во Сент Пол.

Гледајте во живо!

Ова натпреварување ќе се пренесува во живо на 3 февруари од 12 часот на пладне, преку веб страната www.redbullcrashedice.com, како и на Red Bull TV. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе на about.redbull.tv.

Facebook Коментари