Поврзете се со нас

НБА

Експресна реакција на Милвоки: Шампионски тренер ќе го менува Грифин

Објавено

на

foto:www.facebook.com/milwaukeebucks

Милвоки Бакс сосема неочекувани одлучи да се откаже од услугите на тренерот Ејдријан Грифин, поточно реши да го отпушти по само 43 натпревари по кои составот од Висконсин е на втората позиција во источната конференција во НБА лигата.

Милвоки го отпушти тренерот по 43 натпревари

Според информациите управата, организацијата се решила за ваков потег затоа што смета дека со поискусен стратег ќе има далеку поголеми шанси да се натпреварува за пехарот, па токму затоа на местото на Грифин доаѓа Док Риверс.

Според американските медиуми клубот и Риверс во оснава постигнале договорот и тренерот кој со Бостон Селтикс освои титула во 2008 година се враќа на големава кошаркарска сцена.

Неговиот последен ангажман беше во Филаделфија Севентисиксерс каде беше отпушен во мај 2023 година по што работеше како аналитичар за „ЕСПН“. Сега одново се враќа на теренот или крај теренот каде ги има задача да ги спои и извади најдоброто од Адетокумбо, Лилард, Мидлтон и компанија.

Док освен во Филаделфија и Бостон има работено во Орландо Меџик и Лос Анџелес Клиперс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни