Поврзете се со нас

Англија

Експертите на „Би-Би-Си“ прогнозираа Топ 4 пласман во ПЛ, Сатон вели „нема трета среќа“ за Арсенал

Објавено

на

Премиерлигашките фанови се подготвени за стартот на новата сезона во најелитното англиско фудбалско натпреварување, а експертите на „Би-Би-Си“ ги истакнаа своите очекувања за идниот шампион, односно Топ 4 пласманот на крајот на првенството.

Во прогнозата на голем број стручни коментатори на британскиот национален сервис, единствената дилема за шампион е Манчестер Сити или Арсенал, бидејќи никој од учесниците во анкетата не очекува вмешување во битката за трофејот од некоја друга екипа.

Во Топ 4 прогнозата се појавуваат само 9 екипи, а ако се бодуваат со 4,3,2,1 поен, Сити има вкупно 108, следува Арсенал со 99, Ливерпул собрал 54, а далеку е Тотенхем на четвртото место со 12 поени.

– Не гледам нешто што сугерира дека ќе се случи „трета среќа“ за Арсенал.

– Тие добија многу комплименти, но мислам дека треба да бидат похрабри во соочувањето со Манчестер Сити, затоа што такво нешто покажува и конечната табела. Како и да е, се уште мислам дека ќе бидат само втори, – рекол Сатон во коментарот со кој ја објаснува прогнозата за идниот шампион. Поранешниот напаѓач не го вметна Манчестер Јунајтед во Топ 4 друштвото.

– Ја почитувам одлуката на клубот да го задржи Тен Хаг, без разлика дали тоа е дел од некоја долгорочна стратегија. Освоија трофеи, но да не се лажеме, ќе им биде многу тешко да влезат во Топ 4, на крајот на сезоната имаа некои засрамувачки настапи, – вели Сатон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни