Англија
Експерт за говор на телото го анализираше Гвардиола: Тој е „скршен човек“, не може…
Манчестер Сити не успеа да добие „добиен“ натпревар против Феенорд во Лигата на шампионите, поточно водството од 3-0 до 75 минута не беше доволно за освојување на трите бода.
Конечниот резултат, ремито од 3-3 беше уште еден удар за „граѓаните“ кои минуваат низ резултатска криза, шест натпревари се веќе без победа, период во кој не загубија само од Феенорд. Дефинитивно се чувствува одредена тензија, нервоза и тоа се гледа и по стратегот Пеп Гвардиола кој на пресот по средбата со холандскиот преставник се појави со расекотина на носот и неколку линии на главата и посочи дека сака да си ненесува штета на себеси.
Шпанецот се извини наредниот ден, но неговото однесување е интересно на островот, па анализа за него направи експерт за говор на телото.
-Прес-конференцијата на Пеп Гвардиола е уште покажлива, покажува дека тој е апсолутно на крајот на своето трпение. Тој ја допира главата, ги крева рамениците и прави гестови од рака во уста. Тој трепка лажна насмевка и продолжува да зборува за она што неговиот тим веќе го има, а не за она што треба да се промени. Мислам дека тој нема идеја како ќе ги сврти работите. Невербално тој вели дека тие немаат никакви проблеми, што значи дека не може да развие стратегија понатаму што ќе ја заврши оваа серија на форма.
-Кога го прашаа за неговите расекотини, тој нуди саркастичен одговор и тоа се користи како отклонување. Фактот дека тој се изгреба покажува екстремна болка и мислам дека тоа е затоа што мисли дека прави се како што треба, но тоа не функционира. Пеп Гвардиола е скршен човек. Во неговото однесување има околу 20 црвени знамиња. Постојат комбинации на гнев, фрустрација и уништување. Ова се нормални работи што треба да се очекуваат од некој во неговата ситуација, но тој претходно имаше разочарување и не беше толку анимиран како што беше против Феенорд.
-Тој ја закопува главата во рацете и тоа е спротивно на ставот на моќ, кој би биле раширени раце на колковите и стапалата.Тој е речиси во фетална положба и се обидува да се свитка во топка, како да сака да заврши моменталната ситуација во која се нашол. Тој сака да заврши. Тој минува низ чистилиштето и мислам дека ова се најекстремните гестови што сме го виделе како ги прави. Навистина верувам дека се чувствува како да нема долго да биде во Манчестер Сити.
-Тој е вознемирен, разочаран е, лут е, кога ќе се спомнат играчите, тој го врти лицето настрана, -вели Дарен Стентон.
-
Шпанија20 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Формула 119 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет19 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
НБА22 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Лига на шампиони22 часа
Дибиров стигна до второто место на вечната листа, реализираше атрактивно во историската ноќ (Видео)
-
Италија20 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија
-
Англија22 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Шпанија17 часа
Деко имал важен состанок, Барселона се приближила до посакуван дефанзивец