Поврзете се со нас

Шпанија

Експерт по медицина за хорор повредата на дербито Валенсија-Реал: Ќе треба да учи повторно да оди…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/valenciacf

Дерби пресметката меѓу Валенсија и Реал Мадрид се најде во центарот на вниманието поради несекојдневната одлука на Хил Мансано да означи крај на натпреварот пред Џуд Белингам да постигне гол за 2:3, па можеби и поради тоа во прв момент не се зборуваше премногу за несреќата која ја доживеа Муктар Диакаби.

Пред да дојде до завршниот чин во кој протестираа играчите на Реал за непризнатиот погодок, стоперот на Валенсија доживеа вистински хорор на „Месталја“, бидејќи во 89-та минута беше соборен во сопствениот шеснаесетник и претрпе ужасна повреда.

Орелијан Чуамени со цела тежина падна врз Диакаби и веднаш стана јасно дека положбата на ногата на стоперот е во најнеприродна позиција, па изместеното колено и непријатната глетка ги вознемири и актерите на теренот.

Играчите на двата тима се фаќаа за глава и се обидоа да му дадат поддршка на Диакаби кој врескаше од болка, а за жал дефанзивецот вчера почна да ги дознава првите чекори кои ќе мора да ги преземе за да се врати на теренот.

Изместеното колено значи дека Муктар ги има искинато сите лигаменти на коленото и прогнозите се дека ќе паузира најмалку една година, а експерт по медицина сега се огласи и објасни дека прва цел на дефанзивецот треба да биде да почне да оди, а потоа да мисли за играње фудбал.

– Диакаби ја претрпе најтешката повреда која може да ја добиете на коленото. Кога коленото се извиткува до тој степен, тоа се изместува од своето место и значи дека лигаментите се искинати. При вакви повреди, првото нешто што го барате од пациентот е да се осмели да оди. Треба да учи како да оди, а потоа да мисли на нешто друго, – гласи изјавата на Енрике Гасталди, познат трауматолог од Шпанија.

Фудбалерите се фаќаа за глава: Повредата на Диакаби остана во сенка на контроверзите на „Месталја“ (Видео)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни