Поврзете се со нас

Англија

Експертски панел на ПЛ: Тросард заслужил црвен картон, Вест Хем е оштетен против Челси

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Одлуките на премиерлигашките судии добиваат оценки од експертски панел, а истиот ги анализирал најконтроверзните решенија на арбитрите од последното коло.

Голема прашина се дигна поради исклучувањето на Леандро Тросард во финишот на првото полувреме на дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал, а панелот речиси едногласно одлучил дека судијата Мајкл Оливер бил во право што му доделил втор жолт картон на Белгиецот.

Истиот панел ја поддржал одлуката на судијата Дејвид Кут кој му додели само жолт картон на Лисандро Мартинез од Манчестер Јунајтед, иако Аргентинецот стартуваше со две нозе. Сепак, Мартинез имаше среќа што не влезе во контакт со Даичи Камада од Кристал Палас, па на тој начин избегна директно исклучување.

Она што членовите на панелот го изгласале како погрешна одлука и тоа во однос 3:2 е исклучувањето на Морган Гибс-Вајт од екипата на Нотингем Форест, како и недосудениот пенал за Вест Хем на средбата со Челси.

Мнозинството на панелот, односно тројца членови сметале дека стартот на Фофана над Самервил бил доволен да се покаже на белата точка.

Експертскиот панел е составен од тројца поранешни фудбалери или тренери и по еден претставник на судиската комисија и Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни