Шпанија
Експериментот на Флик му се удри од глава, Барселона потона на „Ел Садар“ (ВИДЕО)
Екипата на Барселона го претрпе првиот сезонски пораз во Примера и тоа на гостувањето во Памплона кај Осасуна, пораз кој дефинитивно оди на душа на тренерот Ханси Флик.
Германецот реши да експериментира и извади состав кој никогаш не играл заедно, состав со кој прашање е дали би настапил и во Куп натпревар, а тоа му се удри од глава затоа што екипата делуваше бледо, покажа слабости и претрпе убедлив пораз од 4-2.
Барса има проблеми со повредени играчи, се најавуваа ротации, но никој не очекуваше дека во стартната постава нема да бидат ниту Јамал, ниту Рафиња, Мартинез, Балде, Касадо, играчи кои се стандардни првотимци во актуелнава кампања.
Домаќините знаеа тоа да го искористат и веќе по 28 минути игра водеа со 2-0 со головите на Будумир и Сарагоса. Гостите заиграа подобро во вториот дел, а до првиот гол на Виктор дојдоа по катастрофалната грешка на голманот Ерера.
Потоа Феран Торес не искористи шанса за 2-2, па стигна казната и Осасуна со уште два гола дојде до 4-1. На крајот Јамал стрелаше уште еднаш за фаворитот кој ги загуби првите бодови во кампањата.
-
Англија17 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Англија22 часа
Ексклузива на „Билд“: Јунајтед добил „корпа“ од германски тренер пред да го потврди Тен Хаг
-
Лига на нации18 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации21 час
Милевски со три промени во почетниот состав за пресметката со Ерменија
-
Лига на нации16 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Германија24 часа
Легендарниот Кан има свој став за голманската дебата во германската репрезентација
-
Свет23 часа
Македа гризна противник и доби син картон во полското дерби (Видео)
-
Лига на нации18 часа
Ремек-делото на Арнолд од слободен удар го неутрализираше потресот во Англија (Видео)