Поврзете се со нас

Шпанија

Експериментот на Чави не даде резултат: Мора да донесеме засилување на таа позиција

Објавено

на

Чави Ернандес беше разочаран од епилогот на вчерашниот натпревар меѓу Барселона и Рајо Валјекано и порача дека сите очекувале старт со победа, особено по извонредниот летен преоден рок кој го режираше великанот од „Камп Ноу“.

Столе Димитриевски и неговите соиграчи ги сопреа новите ѕвезди на Чави и одиграа 0:0, а трет пат по ред останаа непоразени во дуелите со Барселона и полека се претвораат во нерешлива енигма за каталонците.

Чави го пофали изданието на македонскиот голман по крајот на мечот, но на новинарите им призна и дека мора да донесат барем уште едно засилување во одбраната.

Тренерот не смета на Сержињо Дест и тој воопшто не беше повикан за натпреварот со Рајо, а експериментот со Араухо како десен бек не даде посакуван резултат.

– Јасно е, мора да се засилиме на таа позиција, – кратко изјави Чави по мечот, а прашање му беше поставено и на Араухо.

– Тука сум за тренерот на било која позиција, ќе играм кадешто ќе ми каже. Секогаш сум тука за да му помогнам на тимот и сега почнувам да учам да играм на оваа позиција десен бек, – изјави Араухо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни