Поврзете се со нас

Шпанија

Ексклузивна вест: Агентот на Кавани со сензационална понуда до Флорентино Перез

Објавено

на

Единсон Кавани на крајот не успеа да се договори со Бенфика и покрај тоа што португалскиот клуб силно го посакуваше Уругваецот во своите редови, а на две недели пред истекот на летниот преоден рок во Европа, угледната „Марка“ излезе со сензационална информација поврзана за „Ел Матадор“.

Весникот кој е најблизок до управата на Реал Мадрид и кој добива инсајдерски информации од клубот ова попладне излезе со ексклузивна вест, откривајќи дека агентот на Единсон стапил во контакт со Флорентино Перез и неговите соработници, нудејќи го својот клиент.

„Марка“ открива дека ваквата понуда пристигнала на неколку часа пред мечот со Реал Сосиедад, кој подоцна само потврди дека Зинедин Зидан и натаму има големи проблеми во нападот, бидејќи во овој момент му верува само на Карим Бензема. Зизу не им даде шанса на Борха Мајорал и Лука Јовиќ и покрај тоа што беа на клупата, па во наредните неколку часа сигурно ќе биде разгледана опцијата која е понудена од Уругвај.

Триесет и тригодишниот Кавани е слободен агент и тоа значи дека Реал Мадрид нема да треба да плати ништо за негов ангажман, но јасно е дека ќе треба да ги задоволи неговите потреби кога е во прашање платата.

„Марка“ информира дека платата која ја бара Кавани е приближна до 7 милиони евра на годишно ниво, па сега останува да видиме дали Зидан и Перез посериозно ќе ја разгледаат оваа опција во ситуација кога на Бензема дефитнивно му е потребна поддршка во нападот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни