Поврзете се со нас

Шпанија

Ексклузива на „Спорт“: Гундоган го шокирал Флик пред дербито со Валенсија

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Илкај Гундоган нема да игра на денешното дерби против Валенсија поради повреда, но како што јавува угледниот „Спорт“, искусниот играч за врска веќе нема намера да го носи дресот на каталонскиот гигант.

Познатиот каталонски весник излезе со своја ексклузива непосредно пред дербито на „Месталја“, тврдејќи дека германскиот репрезентативец побарал од управата на клубот да слуша понуди и да го продаде до крајот на летниот преоден рок.

После само една година мината во каталонскиот великан, Гундоган е подготвен да им остави простор на помладите и да ја наполни касата на клубот, кој и во оваа фаза од летниот преоден рок има обврска и потреба да продава играчи, пред да се насочи кон нови засилувањата во тимот на Ханси Флик.

Според „Спорт“, тренерот Флик и спортскиот директор Деко директно од Илкај дознале дека сака да си оди до крајот на месец август, а како најпогодна дестинација во овој момент се споменува Турција.

Поточно, Фенербахче е клубот кој сака да го донесе Гундоган како ѕвезда во својот тим, што би значело дека Жозе Мурињо би можел да одигра клучна улога во наредните неколку дена.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни