Шпанија
Ексклузива на „Марка“: Хамес е веќе во Мадрид, повторно ќе биде дел од шпанската елита!

Хамес Родригез беше избран за најдобар играч на Копа Америка и на турнирот во Јужна Америка покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво, што дефинитивно беше добра препорака за враќање во Европа.
Еден месец по крајот на турнирот, Хамес се уште е слободен агент и може комотно да преговара со било кој клуб, но како што јавува угледната „Марка“, Колумбиецот е пред трансфер во клубот кој веќе имаше можност да соработува со легендарен Колумбиец.
УГледниот весник само ја надополни својата вест која ексклузивно ја објави на 31-ви јули, потенцирајќи дека Родригез е веќе во Мадрид и е пред потпис со Рајо Валјекано.
Овој клуб му ја отвори вратата на Радамел Фалкао и му овозможи повторно да биде дел од шпанската елита, а истото сака да го повтори и со Хамес, и тоа во сезонта која се слави голем јубилеј.
Рајо Валјекано слави 100-годишнина од своето постоење, а по повод овој јубилеј, клубот сака да испорача трансфер „бомба“ со Хамес и да го направи голема ѕвезда во својот тим.
Родригез има 33 години и се уште има план да игра фудбал на врвно ниво, а бидејќи е навикнат да живее во Мадрид, „Марка“ тврди дека и тој дал зелено светло за комплетирање на зделката во наредните неколку дена.
🇨🇴 El colombiano es la gran apuesta del equipo de Vallecas para el Centenario
✅ El jugador ve con buenos ojos jugar en LaLiga y poder, al mismo tiempo, vivir en la capital de España. https://t.co/S1mWmg9WSS
— MARCA (@marca) August 22, 2024
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија18 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)