Поврзете се со нас

Франција

Ексклузива на „Лекип“: Дешамп утре ќе објави кога заминува од селекторската функција

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Француската фудбалска репрезентација долго време е предводена од Дидие Дешамп, но човекот кој донесе мундијалски трофеј решил да стави крај на оваа тренерска етапа.

„Лекип“ вечерва ексклузивно објави дека Дешамп уште утре ќе потврди завршување на својот селекторски мандат и тоа по завршувањето на СП во 2026 година.

Голем број поранешни фудбалери и стручни коментатори и досега бараа заминување на Дешамп, но некогашниот трофеен фудбалер дури сега решил да повлече таков потег, па својот престој на клупата на „триколорите“ ќе го заврши со мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Дешамп ја извршува функцијата од 2012 година, кога го замени Лоран Блан, за шест години подоцна да ги одведе Французите до триумф на СП.

На последниот мундијал, Франција загуби од Аргентина на пенали, па Дешамп за малку остана без историски успех со националниот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни