Поврзете се со нас

Германија

Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)

Објавено

на

Германските медиуми со големо внимание ја следеа трансфер ситуацијата на Дарко Чурлинов во изминатите пет дена, а по се изгледа, ова попладне пристигна расплет за случајот на македонското крило.

Брзоногиот Чурлинов воодушеви на припремите за Штутгарт и му овозможи на клубот да добие неколку понуди за трансфер, па иако тешка битка водеа Андерлехт и Барнли, на крајот истата оди во корист на Англичаните.

По информацијата од Штутгарт дека Барнли е во пол-позиција откако ја подобрил првичната понуда, сега пристигна најнова ексклузива од „Скај“, која вели дека германскиот клуб ја прифатил понудата вредна нешто повеќе од 5 милиони евра.

Познатиот новинар Флоријан Плетенберг прв најави дека Штутгарт до петок ќе донесе разшреница за трансферот на Чурлинов, а тоа и навистина се случи според неговите добри избори.

– Ексклузивни вести: Завршен договор! Изненадувачки, Чурлинов ќе му се приклучи на Барнли во перманентна зделка. Договорот е комплетен, Компани е главна причина за тоа. Нешто повеќе од 5 милиони евра за трансферот со одредени бонуси. Андерлехт е надвор од трката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни