Поврзете се со нас

Шпанија

Екс скаут на Барса за ѕвездата на Реал Мадрид: Тој е навивач на Барса, плачеше кога…

Објавено

на

Екипата на Реал Мадрид стигна до голема победа на „Камп Ноу“ откако со 2:1 ја совлада Барселона во епската битка на најпопуларното светско дерби „Ел Класико“.

Реал Мадрид игра во одлична форма на почетокот на оваа сезона, а меѓу играчите кои се истакнуваат под водство на Карло Анчелоти е и Карлос Винисиус.

Интересно е тоа што Винисиус додека живеел во Бразил бил голем фан на Барселона, толку голем што дури и плачел при поразите и победите на каталонскиот тим.

Ваквата информација ја потврди некогашниот скаут на Барселона за бразилски талентирани фудбалери , Андре Кари.

– Винисиус е „куле“ (надимак за навивачите на Барселона). Беше на чекор до трансфер во Барса. Можам да ви кажам дека плачеше кога Барселона го победи ПСЖ со 6:1. Бев добар пријател со неговите агенти кои ме издадоа во последен момент., -изјави Кари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни