Поврзете се со нас

Балкан

Екс селектор на Хрватска : Хајдук стана пензионерски дом, а Гатузо би можел брзо да си замине

Објавено

на

Поранешниот селектор на хрватската репрезентација, Игор Штимац неодамна неславно ја напушти клупата на индискиот национален тим, а ситуацијата ја коментираше во подкаст. Притоа, тој се осврна и на состојбите во сплитски Хајдук, како и на бројни други теми.

Тој се присети на своето искуство на клупата на индиската репрезентација, кое на жалење на тамошните навивачи не можеше да го однесе на Светското првенство.

„Беше пријатно, бев задоволен, затоа и останав толку долго. Внесов страст во таа работа. Работевме многу на менталитетот. Создадовме одличен тим во Азија кој веќе не е лесно да се победи. Соборив бројни рекорди и задоволен сум од постигнатото“, рече Штимац во подкастот и додаде:

„Фудбалот е забранет за големите корпорации и никој не вложува во него. За некои од најважните луѓе во индискиот фудбал, поважно е да се објави сликата на социјалните мрежи отколку да се помогне на федерацијата. Моите асистенти беа платени многу малку и направив се за да го сменам тоа, но безуспешно“.

Поранешниот тренер на Хајдук и хрватската репрезентација се осврна и на клубот од Пољуд.

„Гатузо би можел брзо да си замине. Хајдук стана дом за пензионери. Мора да бидете реални за некои работи. „Белите“ можат да направи повеќе со млад тим. Финалистите од јуниорската ЛШ требаше да одиграат многу повеќе. Никој од нив не направи чекор напред. Тоа е трагедија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни