Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Екс ракометарот на Металург и Вардар потпиша за Веспрем: Циндриќ продолжува во Унгарија

Објавено

на

Како што беше најавено во претходните денови, официјализирана е преселбата на Лука Циндриќ во Веспрем. Хрватскиот репрезентативец потпиша договор со унгарскиот шампион на 2+2 години, почнувајќи од ова лето.

Средниот бек доаѓа од Динамо Букурешт, а има титули европскиот клупски шампионат кои ги освои со Вардар и Барселона. Играше и за Виве Киелце и Металург, а репрезентативец е на својата држава од 2014 година.

Циндриќ со „коцкестите“ има бронза (2016) и сребро (2020) од ЕП.

Во Веспрем пристигнува од Букурешт заедно со новиот тренер Чави Пасквал, со кој соработуваше и во Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни