Поврзете се со нас

Италија

Екс претседателката на Рома: Да бев на местото на Де Роси…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома се најде во незгодна позиција по отказот за клупската легенда Даниеле Де Роси и краткиот неуспешен обид со неговиот наследник Иван Јуриќ, па сега е во потрага по трето тренерско име во актуелната сезона.

„Волчицата“ има императив да обезбеди нов тренер во периодот предвиден за настап на репрезентациите, а американските сопственици се во преговори со неколку потврдени имиња, додека италијанските медиуми тврдат дека најблиску до позицијата е Роберто Манчини.

Во моментите кога никој не знае каква ќе биде одлуката на фамилијата Фридкин, со свој став се јави и Росела Сенси, поранешната претседателка на клубот и ќерка на некогашниот сопственик, Франко Сенси.

– Новите сопственици ја применува стратегијата на молчење од почетокот и без многу коментари обезбедија еден трофеј и две европски финалиња за клубот.

– Зборуваме за важни претприемачи кои ги решија и финансиските проблеми, па не мислам дека им е потребен совет од мене.

– Сепак, што се однесува до Де Роси, јас не би го отпуштила по четири натпревари и на почетокот на тригодишен проект. Даниеле ќе биде голем тренер, но да сум на негово место, сега не би се враќал во Рома, – рекла Сенси, алудирајќи на шпекулациите дека Де Роси може да се врати на позицијата од која беше отпуштен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни