Англија
Екс премиерлигашки судија смета дека Арсенал ќе ја добие жалбата за контроверзниот црвен картон

Арсенал вчера успеа да победи на гостувањето кај Волвс, но до победата стигна по голема борба и во натпревар на кој долго имаше и фудбалер помалку.
Токму исклучувањето на младиот Мајлс Луис-Скили предизвика многу контроверзи во англиската фудбалска јавност и многу стручни коментатори беа зачудени не само поради одлуката на Мајкл Оливер, но и фактот што ВАР не го повикал судијата да ја прегледа ситуацијата.
Луис-Скили беше исклучен во 43. минута, а менаџерот Микел Артета бил бесен на судијата по завршувањето на натпреварот, иако избегнал да критикува директно за да не добие казна.
Поранешниот премиерлигашки судија Мајк Дин во студиото на „Скај Спортс“ уште веднаш потенцирал дека Арсенал има големи шанси да добие позитивен одговор ако поднесе жалба за ситуацијата и да добие бришење на картонот.
– Имаат основа за жалба, иако зависи како тој независен панел ќе гледа на ситуацијата. Играчите и менаџерите кои се вклучени во истиот не верувам дека гледаат црвен картон овде и сметам дека имаат шанси да ја добијат жалбата, – рекол Дин.
-
Свет21 час
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
НБА24 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Шпанија20 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони12 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Балкан23 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Италија18 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција20 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА19 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)