Поврзете се со нас

Свет

Екс-напаѓач на Ривер Плата и ПСЖ: Секогаш би го одбрал Роналдињо пред Меси

Објавено

на

Некогашниот напаѓач на Ривер Плата и Пари Сен Жермен, Мартин Кардети истакна дека секога би го избрал најдобриот Роналдињо пред неговиот сонародник Лионел Меси.

-Како тренер за мојот тим би го избрал најдобриот Роналдињо пред Меси. Минав една година со Роналдињо, тој е различен играч, допрен од Бога. Секогаш се забавуваше, секогаш правеше работи со топката и вежбаше многу за да ги повтори истите на натпреварите, -истакна Кардети кој со бразилскиот магионичар играше заедно со Пари Сен Жермен.

-Го гледате на тренинг, на натпреварите и секој потег што го прави е различен од останатите. Играчи како него ретко се појавуваат и остануваат запаметени во историјата на фудбалот. Горд сум што бев соиграч со таков играч, -порача Кардети кој во својата кариера играше и во Шпанија, Уругвај, Колумбија и Мексико.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни