Поврзете се со нас

Англија

Екс напаѓач на Челси смета дека клубот ќе се обиде да ангажира едно супер засилување

Објавено

на

Поранешниот напаѓач на Челси, Тони Каскарино упати совет до управата на „сините“ да се обиде да ангажира едно супер засилување до крајот на летниот преоден рок.

Станува збор за напаѓачот на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Норвешка, Ерлинг Халанд кој е меѓу најбараните светски играчи во овој момент.

Челси минатата година мака мачеше со реализација од страна на напаѓачите кои ги има, па јасно е дека на Тухел ќе му треба голгетер од висок профил за да може да се бори за врвот во Премиер лигата и да ја продолжи успешната серија во Лигата на шампионите која ја започнаа сезоната што измина кога го освоија ова натпреварување.

Токму затоа Каскарино смета дека Халанд би бил идеално решение за нападот на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

– Мислам дека Челси ќе оди да реализира необичен и неочекуван трансфер и мислам дека тоа ќе биде Халанд. Кој и да каже „не“ на таков трансфер поради тоа што го има во неговиот договор за следната година, мислам дека Челси нема да го почитува и ќе понуди големи пари. Сметам дека ќе се обидат да го донесат Халанд, тој им е потребен, -изјави Тони Каскарино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни