Светски првенства
Екс македонскиот селектор и тренер на Вардар седнува на клупата на Катар
Познатиот ракометар и искусен стручњак Веселин Вујовиќ (63) ќе стане селектор на Катар, а ќе биде промовиран во среда во Доха.
По Србија и Црна Гора, Македонија, Словенија и Иран, славниот Црногорец си најде нов селекторски ангажман, а ќе најде работа во Југозападна Азија.
Вујовиќ ќе го замени српскиот тренер Дарко Тавриќ, кој претходно го наследи Валери Ривера, кој речиси 10 години беше селектор на Катар.
Иако во Катар веќе не вложуваат во ракометот како порано, нема дилема дека некогашниот маестрален играч и екс тренер на Вардар добро ќе си наплати.
Не треба да заборавиме дека оваа земја го освои среброто на СП во Доха во 2015 година, а Вујовиќ ќе има задача да го воведе Катар во второто коло на Мундијалот на почетокот на следната година. Нема да биде лесно, но не е нереално, бидејќи ривали ќе бидат Франција, Австрија и Кувајт, а првите три селекции ќе одат понатаму.
-
Лига на шампионипред 10 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Светпред 23 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 11 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Мото ГПпред 22 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Шпанијапред 9 часа
Роналдо за очекувањата од Мбапе: Реал Мадрид е поинаква приказна од ПСЖ
-
Шпанијапред 12 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува
-
Англијапред 21 час
Пеп не е за „модерното време“, можеби и затоа е толку успешен (Видео)
-
Англијапред 21 час
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……