Поврзете се со нас

Балкан

Екс-ју легендата Илија Петковиќ почина по компликациите предизвикани од коронавирусот

Објавено

на

Српските медиуми попладнево објавија дека легендарниот Илија Петковиќ починал на 74-годишна возраст.

Поранешната голема фудбалска ѕвезда на југословенските простори, екс-ју репрезентативец, а подоцна и тренер починал во болница во Белград.

Петковиќ најпрвин бил хоспитализиран поради внатрешно крварење, но лекарите утврдиле дека е заразен и со коронавирусот, што дополнително ја влошило неговата здравствена ситуација.

Одлуката пред неколку дена била Петковиќ да биде префрлен во еден од КОВИД центрите во Белград, каде денеска големото фудбалско име и починало.

Петковиќ најголем дел од кариерата ја мина во редовите на ОФК Београд, настапуваше и за француска Троја, а подоцна беше тренер на повеќе континенти, како и селектор на СР Југославија и Србија и Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни