Поврзете се со нас

Свет

Екс-Ју екипа во Спрингфилд: Кукоч позираше со две легенди кои веќе ја добија истата чест (Фото)

Објавено

на

Тони Кукоч заслужено стана член на кошаркарската Куќа на славни во Спрингфилд, па иако според многумина заслужуваше ваква чест и многу порано, сега стана петтиот Хрват во елитното друштво.

Мајкл Џордан лично го воведе Кукоч меѓу најславните имиња од кошаркарскиот спорт, а церемонијата ја следеа и други славни имиња кои дојдоа да го поздрават легендарниот кошаркар.

За овие простори посебно е важна една фотографија направена по церемонијата, а на која друштво на Кукоч му прават Дино Раѓа и Владе Дивац.

Првиот му беше соиграч, а вториот клупски ривал на Кукоч, но заедно настапуваа за југословенската репрезентација и заслужено, сите тројца се дел од Куќата на славни.

Раѓа стана нејзин член во 2018 година, Дивац чекаше една година повеќе, за сега да им се приклучи и Кукоч. Оваа тројка два пати стигна до европска титула, а во 1990 година ја предводеше Југославија и до светска титула.

Заедничката фотографија може да ја видите на следниот ЛИНК

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни