Поврзете се со нас

Македонија

Екс играч на Вардар настрада во Израел: Огбона во болница откако куќата му била урната од ракета

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Вардар, Ибезито Огбона доживеал огромна непријатност во Израел откако неговиот дом бил погоден од ракета.

Домот бил комплетно уништен, а фудбалерот кој сега игра во локален клуб во Ашдод, бил повреден од шрапнелите и итно бил пренесен во болница.

Израел се наоѓа во воена состојба откако пред извесен период избија конфликти со Палестина и на двете страни постојано паѓаат ракети и секојдневно се бројат многу жртви.

Огбона целиот немил настан го пренесуваше во живо на неговиот фејсбук профил, а од болницата објавуваше и снимки од неговите повреди на ногата.

Напаѓачот една година беше дел од Вардар во кој дојде од казахстанскиот Каират.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни