Поврзете се со нас

Италија

Екс играч на Милан ги поминал прегледите во Наполи, но ќе заврши во редовите на Аталанта

Објавено

на

Фото: https://x.com/Frosinone1928

Марко Брешанини беше најавен како сигурно засилување за Наполи, денеска се појавил и на лекарските прегледи, но на крајот ќе заврши во редовите на Аталанта.

Големиот и неочекуван пресврт се случил откако Наполи во последен момент решил да менува детали во договорот, нешто што не било прифатено од Фрозиноне, кој се повлекол од преговорите.

Експресно е пронајден нов сериозно заинтересиран клуб за Брешанини и тоа е Аталанта, која се чини дека ќе успее да го „украде“ фудбалерот и да го остави Наполи со празни раце во ова трансфер надмудрување.

Најавите дека се второлигашот ќе заработи половина од 13 милиони евра од поранешниот член на младинската академија на Милан, додека втората половина ќе заврши во клупската каса на „росонерите“.

Брешанини дебитираше за првиот тим на Милан во 2020 година, а три години подоцна се пресели во Фрозиноне, кој во меѓувреме го загуби прволигашкиот статус.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни